sos childrens villages international vector logo Советник за заштита на деца и млади

Советник за заштита на деца и млади

SOS Children's Villages International

Цел на работното место

Советникот за заштита на деца и млади (ЗДМ) го води развојот и спроведувањето на процедурите за заштита на децата во организацијата. Тој/таа презема водечка улога во развојот на процедурите за известување и одговор поврзан со безбедноста на децата во склоп на организацијата. Тој/таа го гради капацитетот за ЗДМ во организацијата и обезбедува техничка експертиза на националните и тимовите во услугите за ЗДМ во спроведувањето на процедурите за ЗДМ. Тој/таа обезбедува соработка и размена на знаење помеѓу членовите на тимот.

Тој/таа ги поддржува НД, ДРП, другите национални функции и раководството на услугите во активностите за да се осигури дека децата кои директно и индиректно се згрижени и поддржани преку услугите и проектите на СОС Детско село се безбедни и заштитени.

Како член на регионална мрежа за ЗДМ, тој/таа споделува добри практики и искуства со други членки и придонесува за развој на ЗДМ во регионот.

Национален советник за ЗДМ е член на Националниот тим за ЗДМ.

Клучни области и задачи

  • Обезбедува спроведување и целосна имплементација на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади во сите услуги и проекти во организацијата;
  • Обезбедува сите документи поврзани со ОБД да се усогласени со националната регулатива;
  • Го планира развојот на националните акции за ОБД за време на годишното планирање;
  • Одговорен/на е за обезбедување целосна имплементација на превентивни активности за подигнување на свеста за ОБД во услугите, проектите на организацијата и НК;
  • Одговорен/на е за спроведување обуки за ОБД за вработени и корисници во услугите, проектите на организацијата и НК;
  • Воспоставува процедури за известување и одговор за заштита на деца и млади на сите нивоа во организацијата во согласност со националното законодавство и минималните барања на документот за поддршка на политиката;
  • Одговорен/на е за воспоставување и функционалност на каналите за пријавување инциденти за ОБД;
  • Одговорен/на е за процесот на документирање на пријави за инциденти на насилство согласно предложени формулари и стандарди на Меѓународната СОС Организација. Води регистар на инциденти на национално ниво;
  • Одговорен/на годишна проценка на ризиците за ОБД во сите услуги и проекти во соработка со директорот на установата, раководителите и менаџерите на проектите;
  • Обезбедува транспарентност на резултатите од проценката на ризици, ги адресира идентификуваните ризици и препораките за подобрување и креира мерки за обезбедување безбедност на децата и младите поддржани со услугите и проектните активности на организацијата;
  • Обезбедува учество на деата и младите во сите сегменти на имплементација на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади;
  • Обезбедува функционално работење на тимовите за ОБД за секоја од услугите и учествува во менаџирање на инцидентите;
  • Член е на Националниот тим за ОБД и учествува во менаџирање на инцидентите;
  • Е национален фокал поинт и дел од регионалната мрежа на СОС организацијата за ОБД;
  • Одговорен е континуирано да ги следи новините од областа на ОБД во IOR и да спроведува нивна имплементација во услугите на нашата организација;
  • Одговорен/на е за директна комуникација и информирање за инциденти на насилство до IOR во случај на вклученост на GSC;
  • Обезбедува објективен и професионален пристап во сите сегменти на имплементацијата на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади во интерес и целосна заштита на децата и младите кои се поддржани со услугите на организацијата или се во контакт со неа;
  • Одговорен е да пријави било какво сомневање за безбедноста на децата, како и загриженост, наводен ризик или инцидент веднаш, следејќи ги процедурите за пријавување на политиката за заштита од насилство. Пријавувањата за безбедноста на децата треба да се достават до тимот за заштита на децата од насилство на ниво на локација или до линискиот менаџер.

Закон за заштита на лични податоци

Го почитува и спроведува законот за заштита на лични податоци

Закон за здравје и безбедност при работа

Ги почитува сите законски прописи во врска со здравје и безбедност при работа.

To apply for this job please visit careers-sos-kd.icims.com.


Job Notifications
Subscribe to receive notifications for the latest job vacancies.